На познато стрелиште во Белград вчера било пронајдено машко тело, кое според неофицијални информации земал пиштол и си пукал во глава.
Лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
За случајот е известено и Вишото јавно обвинителство кое нареди обдукција.
Како што се дознава, С.Г. бил припадник на стрелиште, а се самоубил со пиштол што го земал од клубот.