Четири бебиња починаа од голема кашлица во Белград, потврди утринава за РТС, д-р. Владислац Вукомановиќ, детски кардиолог и директор на Клиниката за детски болести при Институтот за здравствена заштита на мајки и деца на Србија „Д-р. Вукан Чупиќ“.
Владислац Вукомановиќ истакна дека кај новородените деца до четири месеци може да се развие многу тешка клиничка слика која завршува со смрт.
Бебињата умреле бидејќи не ја примиле вакцината.
„Има околу 70 деца со голема кашлица, половина од нив се хоспитализирани и тоа укажува на зголемување на децата со тешка клиничка слика“, посочи д-р. Владислац Вукомановиќ и нагласи дека вакцинацијата е најдобра одбрана и дека редовниот календар за вакцинација треба да биде почитуван.
Уште едно бебе е во многу тешка состојба и на вентилатор.
Владислац Вукомановиќ вели дека недоволното ниво на вакцинација е вистинската причина зошто големата кашлица толку многу се шири во Србија и „ова се исплати на најтрагичен начин“, пишува Kurir.rs.