Лондонската полиција истражува инцидент што неодамна го пријавила една жена. Имено, во нејзиниот пијалок во еден од баровите лоцирани во рамките на британскиот парламент била истурена дрога, пишува „Политико“.
Наводниот инцидент се случил во „Stranger Bar“ во Вестминстерската палата на почетокот на јануари, првата недела откако пратениците се вратија во клупите по божиќната пауза.
Жена вработена како истражувач во британскиот парламент ги предупредила вработените во барот и собраниското обезбедување дека нешто и’ е истурено во пијалокот.
– Засегнати сме за инцидентот што се случи во парламентот на почетокот на јануари, пријавен е во обезбедувањето и сега полицијата го истражува – соопштија од полицијата. Надлежните од парламентот истакнаа дека кон овој настан се однесуваат крајно сериозно.
Портпаролот на полицијата рече дека силите со седиште во Лондон „примиле извештаи за инцидент во Долниот дом околу 18.30 часот во вторник на 7 јануари“.
– Истрагата е во тек, а полицајците и помагаат на жртвата. Во оваа фаза не се уапсени. Ги повикуваме сите кои веруваат дека биле жртва или сведок на напад, во која било форма, да нè контактираат на броевите за итни случаи 101 или 999. Можете да контактирате и со независната добротворна организација Crimestoppers анонимно – се вели во соопштението на полицијата.