Турски товарен брод со 12 членови на екипажот потона во неделата за време на невремето крај брегот на Црното Море во Турција.
Властите не успеале да стапат во контакт со екипажот на бродот, соопшти денес министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, пренесува медиумската агенција Reuters. Силното невреме што ја зафати провинцијата Ерглиа ја спречува работата на спасувачите.
„Кога ќе се подобрат временските услови, веднаш ќе започнат спасувачките активности“, истакнал Али Јерликаја.
Капетанот на бродот под турско знаме Кафкаметлер во неделата наутро пријавил дека бродот пловел кон брановидникот во близина на Ерглиа, во северозападната турска провинција Зонгулдак, соопшти претходно канцеларијата на гувернерот на покраината.
Министерот за внатрешни работи на Турција подоцна потврди дека бродот потонал откако удрил во брановидник.