Вознемирениот татко на Владимир, Јури, раскажа како со ужас гледал кога неговиот син бил искасан до смрт од ајкула а тој викал за помош
Во ајкулата која го нападнала и го усмртила младиот Русин во Египет се пронајдени делови од телото, а животното потоа во знак на одмазда било претепано до смрт.
Тигреста ајкула кружела околу Владимир Попов (23) во морето, а потоа го влечела под вода додека тој викал „Тато спаси ме!“. Се се случи во египетското одморалиште Хургада.
Туристите истрчале од морето, а луѓето кои тоа го гледале му викале на Владимир да отплива од ајкулата, но ајкулата сепак го фатила.
Тигрестата ајкула потоа била фатена и извлечена на брегот со брод, а луѓето собрани на плажата ја претепале до смрт, пренесува Дејли Меил.
Ајкулата потоа била преземена од експерти кои ја отвориле. Во нејзината утроба се пронајдени останки на младиот човек, пренесува весникот Ал Арабија.
Д-р. Махмуд Дар , професор на египетскиот национален институт за морски науки, исто така, откри дека ајкулата е женка.
Да потсетиме, вознемирениот татко на Владимир, Јури , раскажа како ужасно гледал како неговиот син го каснува ајкула и тој викал за помош.
– Отидовме на плажа да се опуштиме. Мојот син го нападна ајкула, се се случи за само неколку секунди, изјави Попов по потекло од Русија.
Очајниот татко рекол дека во близина немало други членови на семејството кои би му помогнале на Владимир во водата, иако првичните извештаи говореа дека неговата девојка успеала да избега од нападот.
– Каков вид на помош можете да обезбедите? Тоа животно е машина за мелење месо, се се случи за 20 секунди, едноставно го одвлече под вода, рече Попов.
– Ова е смешна случајност бидејќи ова е безбедна плажа. Наоколу има чамци и јахти. Таму никогаш не се случило вакво нешто. Најчесто напаѓаат на диви плажи. Ова е некоја зла судбина…, додаде таткото.
Владимир живеел со својот татко во Египет неколку месеци пред овој страшен напад. Попов рече дека ќе го кремира својот син и ќе ја врати неговата пепел во родната Русија.
Египетските власти потврдија дека животното е предадено на истражување за да се откријат причините за неговото однесување и да се види дали е поврзано со ајкулата која предизвикала неколку претходни трагедии.