УЖАС ВО КАНАДА: Пронајдени шест тела, меѓу нив и четири ДЕЦА!

Шест лица, меѓу кои четири деца, се убиени во текот на ноќта во масовно пукање во канадски дом во населбата Баравен во Отава, соопшти полицијата.

Злосторството е откриено нешто пред 23 часот по локално време, објави „CBC News“.

Едно повредено лице е итно пренесено во болница, додека едно лице е уапсено на местото на злосторството.

Шефот на полицијата во Отава, Ерик Стабс, го опиша хоророт како „масовно пукање“.

Тој додаде дека полицијата не верува дека се работи за инцидент поврзан со семејството.

Идентитетот на жртвите и осомничените не се објавени.