Два авиони Т-27 Тукано на колумбиските воздухопловни сили се судрија во неделата за време на тренинг лет во близина на воздухопловна база во централниот дел на земјата.
Воздухопловните сили на Колумбија соопштија дека загинал потполковникот кој управувал со еден од авионите . Другиот пилот преживеал.
– На местото на инцидентот е испратена увидна комисија за утврдување на причините за судирот – се наведува во соопштението.
Видеото објавено на социјалните мрежи наводно го покажува моментот на инцидентот. Може да се забележат неколку летала како летаат блиску еден до друг, а во еден момент крилото на еден од леталата пука во силен пламен.
Пилотите, наводно, вежбале за аеромитинг закажан за Денот на независноста на Колумбија на 20 јули во градот Рионегро.
Т-27 е всушност турбопроп верзија на лесниот напаѓачки авион Embraer 312 Tucano.