УЖАС: Малата Марија (8) отишла кај роднините, неколку часа подоцна нејзиното тело било пронајдено во шума! Се верува дека е УБИЕНА!

Марија Силвија Цика Роса (8), од селото Џиџија во близина на романскиот град Ботошани , излегла од дома во петокот околу 20 часот за да посети роднина што живеле во близина, но никогаш не се вратила.

Во меѓувреме полицијата го пронашла телото на девојчето.

Потрагата започнала веднаш, а во текот на ноќта детето било пронајдено мртво во шумата, соопштил во саботата наутро окружниот полициски инспекторат Ботошани, пренесува News.ro.

Надлежните сметаат дека девојката е убиена, а се трага по сторителот.

„Малолетничката е пронајдена во текот на ноќта. Телото е лоцирано на периферијата на нејзиното село, во шума. Се вршат конкретни активности за идентификација, а учествуваат повеќе од 100 органи на прогонот, полицајци, жандарми, пожарникари, гранични полицајци во акцијата“, изјавија од полициската управа Ботошани.

Во акцијата учествуваат жандарми од Шучава и вработени во Канцеларијата за специјални операции во Шучава. Јавното обвинителство при Судот во Ботошан истражува извршување на кривично дело – убиство, јавуваат романските медиуми.