Тие биле уапсени еден месец по силувањето.
Пред еден месец во Палермо 19-годишна девојка била силувана од седум мажи. Судењето е во тек, а италијанските медиуми ги објавија своите изјави пред судот. Кристијан Маронија , 19-годишниот кој бил уапсен заедно со шест пријатели, се расплакал на судот.
- Си го уништив животот, се извинувам . Тажен сум поради тоа што се случи, се извинувам на девојката и нејзиното семејство. Ми рекоа дека девојката се согласила – рече тој на суд.
-И јас имам девојка и никогаш не би направил такво нешто . Не ја познавав девојката, никогаш претходно не ја видов – додаде тој.
Сведочеше и друг маж обвинет за силување.
– Требаше да заминам, не требаше да останам. Не разбрав што се случува – изјави Самуел Ла Граса.
Според обвинението, девојката која била под дејство на алкохол, мажите ја однеле во изолиран дел од центарот на градот, каде наизменично ја силувале и снимале се. Едниот е малолетник, а најстариот има 22 години. Тие биле уапсени еден месец по силувањето. Останатите петмина треба да дадат исказ денеска. Нивните фотографии се шират на социјалните мрежи.
Малолетникот, кој вчера го призна силувањето, излезе од затвор , но обвинителството поднесе жалба против неговото ослободување.