УЖАС – Страшни детали за двојното убиство во Флорида кое го шокираше светот: Мајката била избодена 100 пати а детето било фрлено живо на крокодилите…

Исчезнато 2-годишно момче од Флорида, чија мајка беше пронајдена убиена во семејниот стан, во петокот на 31. март беше пронајдено мртво во устата на алигатор, а таткото на момчето е уапсен под сомнение за убиство.

Вака заврши трагичниот крај на потрагата по малиот Тајлен Мозли, случај кој ја вознемири јавноста не само во САД туку и во целиот свет, а сега се појавија нови детали од истрагата кои предизвикуваат морници.

Се испоставило дека детето додека било живо го фрлил неговиот татко Томас Мозели во езерото, а претходно 100 пати ја избодел мајката на момчето со нож во стан во близина на езерото.

Таткото на момчето, 21-годишниот Томас Мозли, е обвинет за две дела односно за убиство од прв степен на 20-годишната Пашун Џефри и нивниот син Тејлен Мозли.

Нуркачките тимови користат дронови за да го пронајдат телото на 2-годишното момче откако телото на неговата мајка беше пронајдено во семејниот стан.

Под креветот бил пронајден крвав отпечаток за кој полицијата се сомнева дека Томас намерно го оставил.

Полицајците кои трагале по момчето во близина на нивниот стан, кој се наоѓа недалеку од езерото, при претресот забележале алигатор со непознат предмет во устата. Кога се приближиле, виделе дека се работи за телото на малото дете. Алигаторот подоцна бил исечен со цел да се извади телото на детето.

САДсмртубиствоФлорида