13 членови на истото семејство починале во Намибија откако јаделе каша за која властите веруваат дека станала токсична кога се мешала со талог останат од домашното пиво.
Државната телевизија објави дека уште четири лица се во критична состојба во болница.
Министерството за здравство и социјални услуги на Намибија соопшти дека било известено за инцидент во селото на истокот на земјата. Се вели дека 18 членови на истото домаќинство, на возраст меѓу 2 и 33 години, конзумирале отровна каша направена од брашно од просо од махангу измешано со исушен и изматен ферментиран талог локално познат како – mundevere.
„Седумнаесет членови на домаќинството на 27. мај се појавија во окружната болница во Ниџангана со знаци и симптоми на труење со храна. Поради критична состојба, 13 од нив се испратени во болницата во Рунду“, се наведува во соопштението.
Министерството, исто така, соопшти дека се земаат дополнителни примероци за тестирање за труење со алкохол.