Владе Ѓуровиќ, познатиот кошаркарски тренер, како што објавија српските портали, вчера во полиција го пријавил исчезнувањето на својот син Небојша Ѓуровиќ, бидејќи му се губи секаква трага.
Како што објави Курир, неговото тело е пронајдено во Белград.
– Вишото јавно обвинителство во Белград нареди обдукција на телото и токсиколошка анализа – открива извор на Курир.
Според првите информации, на телото на синот на прославениот тренер немало траги на насилство.
„ Имам син и ќерка, многу сум среќен што тие се во мојот живот. Постарите играчи се шегуваа дека „лафовите добиваат ќерки, а мекушците добиваат синови“, а јас имав и син и ќерка. Денес тие се свои луѓе. Ќерката Нина заврши филозофија, а Небојша психологија. Јас бев тренерска ѕвезда и тие пораснаа без мене, затоа и ние немаме врска каква што требаше да имаме, јас бев секогаш на тренинзи, бркање кошаркари, навивачи и директори на клубови “, изјави Владе Ѓуровиќ за Курир во својата животна исповед.