Кина неодамна ја засили воената активност во близина на Тајван, велејќи дека реагира на, како што го нарече, „заговор“ меѓу Тајпеј и Вашингтон.
Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во изминатите 24 часа забележало 40 кинески авиони кои влегле во зоната за воздушна одбрана на островот, кои претежно летале кон јужниот дел на Тајван и кон каналот Баши.
Министерството соопшти дека најмалку четири кинески авиони ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, објави Ројтерс.
Министерството за одбрана на Тајван објави дека 13 кинески воени авиони во вторникот ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, пренесе АП.
Кинеската поморска формација предводена од носачот на авиони „Шандонг“ во понеделник мина околу 110 километри од југоисточниот дел на Тајван и влезе во западниот дел на Пацификот на воена вежба, соопшти тајванското Министерство за одбрана.
Се очекува вежбите да симулираат напади од авиони, подморници, воени бродови и копнени сили, објавија кинеските државни медиуми.
– Периодот од јули до септември годинава беше врв на вежбите на кинеската Комунистичка партија – изјави на прес-конференција генерал-мајор Хуанг Вен-Чи, помошник заменик началникот на Генералштабот за разузнавачки прашања на Министерството за одбрана на Тајван.
Тој посочи дека има активности на кинески воени бродови во водите околу Тајванскиот теснец, како и во различни области на Јужното и Источното Кинеско Море.
Хуанг рече дека војската на Тајван ќе продолжи да ги следи движењата на кинеските воени авиони и воени бродови.
Бродот Шандонг учествуваше на кинески воени вежби во близина на Тајван во април во западниот Пацифик, а исто така пловел низ Тајванскиот теснец во јуни.
Американски и канадски воен брод во саботата пловел низ Тајванскиот теснец, втора ваква заедничка мисија од јуни и се совпадна со самитот на Г20 во Индија.
Кина неодамна ја засили воената активност во близина на Тајван, велејќи дека реагира на, како што го нарече, „заговор“ меѓу Тајпеј и Вашингтон.