Украдено ланче од 1.000 евра! Како се ограбуваат пациентите во болница откако ќе умрат?

Inside21 откри дека многу пациенти се ограбуваат во државните болници во Македонија.

Два случаја кои во услови на анонимност зборуваа пред камерата на ТВ21 сведочеа дека членовите на нивните семејства биле ограбени откако починале во гостиварската болница.

Првиот случај покажа дека на неговата сопруга, која 3 дена била во болница, откако починала и го украле златното ланче од 1.000 евра.

Вели дека случајот го пријавил во полиција пред еден месец, но се уште нема епилог.

Вториот случај докажа дека му биле земени пари од роднините и откако починал во гостиварската болница. Тој се сомнева дека сите овие случаи можел да ги предизвика едно лице и бара да се постават безбедносни камери на секој агол од болницата.

Дури и лекарите Илир Хасани и Беким Татеши во студиото на ТВ21 тврдеа дека наишле на вакви случаи и дека, според нив, тоа се случува и меѓу колеги.