– Украина денеска соопшти дека нејзините сили се во дефанзива против руските сили во близина на Купјанск на истокот од земјата додека нејзините војници напредуваат во областа Бахмут.
„Два последователни дена непријателот активно напаѓа во секторот Купјанск во областа Харков. Ние сме во одбранбена позиција“, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Гана Маљар.
Таа додаде дека има жестоки борби и дека позициите се менуваат неколку пати на ден.
Украина соопшти дека нејзините војници напредуваат и кон источниот град Бахмут, за кој Русија објави дека го освоила во мај.
„Постепено напредуваме во регионот Бахмут. Се остварува секојдневен напредок на јужното крило околу Бахмут. На северното крило се обидуваме да задржиме позиции додека непријателот напаѓа“, напиша Маљар на Телеграм.