Украина ги обвини војниците на Владимир Путин дека се ајдуци! Генералштабот тврди: “Во областа Луганск, Русите ги ограбуваат куќите на локалните жители“

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави извештај во кој наведува дека руската армија продолжува со грабежи на окупираните територии – во регионот Луганск.

Како што се истакнува во извештајот објавен на официјалната Фејсбук страница на украинскиот Генералштаб, руски војници наводно ограбуваат домови на локални жители, пишуваат украинските медиуми.

Руските окупатори продолжуваат да ја ограбуваат привремено окупираната територија на Украина. Во селото Боково-Хрусталне, област Луганск, војниците на руските окупаторски сили ги ограбуваат домовите на локалното население“, се наведува во извештајот.

Украина

Инаку, претходно беше објавено дека жителите на регионот Херсон останале без струја поради грабеж. Засега руската страна не ги коментираше овие обвинувања.

Да потсетиме дека во ноември Украина ја обвини Русија дека ограбува празни куќи во градот Херсон на југот на земјата и дека биле окупирани од војници во цивилна облека за да се подготват за улични борби. Сепак, официјална Москва негираше дека злоставува цивили.

војнаЛуганскРусијаУкраина