– Украинските вооружени сили вчера извршиле напад на градот Луганск со крстосувачките ракети „Сторм шадоу“ испорачани од Велика Британија, во кој е повреден руски пратеник, јавија руските медиуми.
Две ракети „Сторм шадоу“ и една американска ракета ADM-160B MALD биле истрелани врз станбени згради во градот Луганск, административен центар на регионот Луганск, тврди државната новинска агенција ТАСС.
Се додава дека во нападите е ранет рускиот пратеник Виктор Водолацки.
Во четвртокот британскиот секретар за одбрана, Бен Валас, потврди дека Лондон ѝ доставувал на Украина крстосувачки ракети со долг дострел „Сторм шадоу“.