Невладината организација за човекови права „Human Rights Watch” (ХРВ) наведува дека се појавиле докази дека Украина неселективно користи забранети противпешадиски мини. Затоа организацијата ја повика украинската влада да ја почитува својата заложба да не користи такво оружје и да бара одговорност од оние кои стојат зад тоа.
– Наодите на HRW беа проследени до украинската влада минатиот месец, но досега не добивме одговор – соопшти организацијата.
Во 2005 година, Украина го ратификуваше меѓународниот договор од 1997 година со кој се забранува употреба на такви мини и се наложува уништување на нивните резерви.
– Русија не се приклучи на договорот, но нејзината употреба на противпешадиски мини го прекршува меѓународното хуманитарно право бидејќи тоа е неселективно оружје – соопшти HRW.
Противпешадиските мини се активираат при контакт или непосредна близина и можат да бидат фатални за цивилите долго по завршувањето на конфликтот.