Украина: Најмалку четири лица се повредени во руски напад врз Киев

– Најмалку четири лица се повредени утринава во руски напад врз главниот украински град Киев, изјави украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко.

Клименко рече дека жртвите се повредени од урнатини во југоисточниот кварт Дарнитски, каде што десет спасувачи се на терен.

„Полицијата ги документираше последиците од уште едно руско воено злосторство“, додаде тој.

Потоа украинските воздухопловни сили објавија дека собориле осум проектили лансирани од руската област Брјанск во обид за напад врз Киев.

„Сите осум цели се уништени од противвоздушните ракетни единици на воздушната команда Центар“, се наведува во соопштението.

Се додава дека украинските системи за воздушна одбрана ги уништиле сите 18 руски беспилотни летала во вториот напад, главно, над јужниот регион Миколаев.