Украина потврди дека денеска е договорена размена на војници со Русија.
„Тоа не е во тек во моментов“, рече Андреј Јусов од Украинската разузнавачка агенција.
Русија претходно објави дека во авионот Ил-76, кој утрово се урна во областа Белгород, има 65 украински затвореници. Од друга страна, некои украински медиуми, повикувајќи се на воени извори, тврдеа дека Русија во тој авион превезувала оружје.
Министерството за одбрана на Русија ја обвини Украина за соборување на авионот . Тие тврдат дека радарите регистрирале два проектила кои биле испукани непосредно пред да падне Иљушин.