УКРАИНА ОСТРО ГИ ОСУДИ ПЛАНОВИТЕ НА КРЕМЉ – Претседателските избори во Русија за официјален Киев ќе бидат “неважечки“ !?

Официјален Киев изрази незадоволство поради плановите на Русија да одржи претседателски избори напролет, на кои ќе се кандидира актуелниот претседател Владимир Путин.

Министерството за надворешни работи на Украина ги прогласи изборите закажани за 17. март за „неважечки“ и вети дека сите меѓународни набљудувачи ќе бидат испратени да ги набљудуваат со цел да се соочат со кривична одговорност организаторите односно Кремљ.

Руските власти планираат да организираат гласање и во окупираните украински региони како Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Планирано е гласање и на полуостровот Крим, кој беше незаконски анектиран од Русија во 2014 година.

Потсетуваме, Владимир Путин вчера објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на Русија.

Владимир Путин
војнаизбориполитикаРусијаУкраина