– Украина објави дека нејзините сили потопиле руски ракетен брод на московската Црноморска флота.
Во соопштението на Украинската одбранбена разузнавачка служба (ХУР) се наведува дека специјалните единици на ХУР во текот на ноќта потопиле корвета од класата Тарантул со име „Ивановец“.
„Операцијата е овозможена со поддршка на Министерството за дигитална трансформација на Украина и платформата United24“, се додава во соопштението.
Се наведува дека корветата патролирала низ Црно Море во близина на езерото Донузлав на полуостровот Крим, кој Москва нелегално го анектира во 2014 година, кога серија директни удари во трупот на бродот предизвикаа штета, што довело до потонување.
„Вредноста на бродот што го изгуби државата агресор е околу 60-70 милиони долари“, се наведува во соопштението и се додава дека руските операции за пребарување и спасување во „не биле успешни“.
Руските власти не ги коментираа овие тврдења.