УКРАИНА “УДРИ“ ПО РУСКИОТ ПАРТИЈАРХ КИРИЛ – СБУ го обвини поглаварот на РПЦ за три големи злосторства

Украина покрена обвинение против рускиот патријарх Кирил за нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Според податоците од истрагата спроведена од Службата за безбедност на Украина, патријархот Кирил е дел од „внатрешниот круг“ на највисокото воено-политичко раководство на Русија и еден од првите што јавно ја поддржа војната против Украина.

Освен за посегнување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, тој беше обвинет и за две други злосторства – оправдување руска агресија и планирање војна.

Службата за безбедност на Украина соопшти дека собрала докази дека поглаварот на Руската православна црква промовира вооружена агресија од страна на Руската Федерација и ги негира воените злосторства на руските сили.

За ширење пропаганда масовно ги користи верските заедници на Руската православна црква под негова контрола во Русија и претставници на Украинската православна црква. Тој, исто така, редовно шири наративи на Кремљ во форма на онлајн проповеди или свој видео коментар“, соопшти СБУ.

Се наведува дека во март 2022 година на веб-страницата на Руската православна црква е објавена статија во која Кирил го благословува командантот на руската национална гарда Золотов за војната против Украина. Потоа, на крајот на февруари 2023 година, на официјалниот Јутјуб канал на Руската православна црква беше објавено видео кое ја оправдува окупацијата на источна Украина.

Дополнително, според СБУ, патријархот Кирил постојано давал коментари на новинарите на руските телевизиски канали во кои ја поддржувал политиката на Кремљ и ги повикувал верниците да се обединат во војната против Украина.

Украинското обвинителство до сега неколку пати во отсуство покрена обвиненија против руски функционери.

Службата за безбедност на Украина отвори 70 кривични случаи против свештениците на УПЦ од почетокот на конфликтот. Меѓу нив има 16 митрополити.

војнапатријарх КирилРПЦРусијаУкраина