УКРАИНА УДРИ ПО СЕ ШТО Е РУСКО – Донесена најнова одлука: Што треба да значи ова !?

Украинската Национална комисија за државни јазични стандарди одлучи дека пишувањето зборови како „Русија“ и „Москва“ со мали букви во неофицијални документи повеќе нема да се смета за грешка, пренесува весникот Politico.

Комисијата објави дека ја донела својата одлука откако ги разгледала жалбите на украинската вицепремиерка Ирина Верешчук и официјалните писма од Институтот за украински јазик и Институтот за лингвистика „Потебнија“ на Националната академија на науките на Украина.

Отсега па натаму, пишувањето зборови како „Руска Федерација“, „Русиј “, „Москва“, „Кралство Москва“, „Руска империја“ и „Државна Дума на Руската Федерација“ со мали букви нема да биде отстапување од норма на украинскиот јазик во текстови од неофицијален карактер, пренесуваат тамошните медиуми.

Многу Украинци, особено на социјалните мрежи, веќе користат мали букви кога зборуваат за Русија, уште откако Кремљ започна целосна инвазија на земјата во февруари 2022 година.

војнајазикРусијаУкраина