,,Украина ја нападна Москва!?” – Дрон се упати кон главниот град – каков ќе биде одговорот на Русија? (ВИДЕО)

Руските сили за воздушна одбрана одбија напад од страна на украински дрон што леташе кон Москва, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Тој претходно изјави дека биле соборени два дрона. Ограничувања се воведени на московските аеродроми Внуково и Домодедово, пренесува Интерфакс. 

Собјанин изјави дека 12 дронови што летале кон Москва биле соборени во текот на ноќта.

Министерството за одбрана на Русија објави дека само за една ноќ, силите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 73 украински беспилотни летала над руска територија, пишува српски „Информер“.