Министерството за одбрана на Русија, Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Граничната служба доставија извештај до претседателот Владимир Путин за обидот за упад на украинските вооружени сили во регионот на Белгород, потврди денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, во тек се напори за уништување или протерување на саботерите од територијата на Руската Федерација и тврди дека за тоа има распоредно доволно ресурси и сили.
Дмитриј Песков истакна дека обидот на украинската диверзантска група да го нападне регионот Белгород не е ништо повеќе од обид да се намали политичкото влијание од загубата на Артјомовск (како што Русите го нарекуваат градот Бахмут).
„Совршено ја разбираме целта на ваквата саботажа, а тоа е да се сврти вниманието и да се намали политичкото влијание поради губењето на Артјомовск и да се намали политичкото влијание“, нагласил Димитриј Песков, објавуваат руските медиуми.
„Две лица се повредени денеска при гранатирање на руската област Белгород од украинската страна на границата“, изјави гувернерот на оваа област, Вјачеслав Гладков.
Тој на својот профил на социјалната мрежа Телеграм прецизираше дека гранати паднале врз селото Глотово во областа Граиворонск, а маж и жена со повреди се пренесени во болница. Според него, гранатирањето траело неколку часа, а немало жртви, пренесуваат руските медиуми.
Вјачеслав Гладков изјавил и дека субверзивна група од Украина влегла на територијата на областа Граиворонск.
„Вооружените сили на Русија заедно со граничната служба, Националната гарда и ФСБ ги преземаат неопходните мерки за елиминирање на непријателот“, се вели во објавата на Вјачеслав Гладков.