УКРАИНА ЈА ОБВИНУВА РУСИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ ЗАБРАНЕТО ОРУЖЈЕ – “Тие пукаат со експлозиви што содржат хемиски отрови пред да упаднат во нашите ровови!“

Украина ја обвини Русија дека користи експлозиви со забранети хемиски супстанци во нападите на украинските ровови!

Главниот штаб на украинската Aрмија тврди дека од почетокот на конфликтот, кој започна пред неполни две години, регистрирани се 626 случаи на руска употреба на солзавец.

Од почетокот на јануари 2024 година евидентиран е 51 случај со тренд на зголемување до 10 напади дневно“, наведува главниот штаб.

Експлозиви кои содржат иритирачки гас со хемиската супстанца ЦС, попозната како солзавец, наводно биле истрелани од беспилотни летала или артилериски оган.

Тој гас вообичаено го користат полициските сили, но неговата употреба во војна е забранета според Конвенцијата на ОН за хемиско оружје, која Русија, меѓу другите, ја потпиша.

Украинските тврдења не можат да бидат независно проверени.

Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии (RUSI) напиша во јуни 2023 година за можната руска употреба на иритирачки гасови врз основа на извештаите на руската државна телевизија.

Бидејќи украинските војници имале заштитна опрема од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, солзавецот не можел многу да им наштети, анализира институтот.

Сепак, носењето гас-маски е пречка во борбата.

војнаРусијаУкраина