Контроверзниот руски политичар Владимир Жириновски почина пред речиси една година, но тој сè уште е многу цитиран во Русија, бидејќи некои од неговите изјави и предвидувања за иднината се чини дека почнуваат да се потврдуваат со завидна точност.
Сега, кога имаше напади со беспилотни летала врз цели во Иран, руските медиуми потсетија на пророштвото на Жириновски од 2019 година, кога тој во ТВ емисија во која учествуваа украински експерти изјави:
- Овие избори беа вашите последни (во Украина). Нема да имате избори во 2024 година затоа што нема да има земја што се вика Украина! Не ја земате во предвид ситуацијата на Блискиот Исток. Таму ќе се случуваат такви настани што сите ќе заборават на Украина. Може да оди дури и до Третата светска војна. И Иран не е Виетнам, не е Северна Кореја, не е Косово. Ќе има најстрашни случувања!“.
Жириновски постојано предупредуваше за опасноста што доаѓа од Блискиот исток. Тој уште во 2013 година зборуваше за плановите на Израел и Западот за промена на режимите во исламските земји:
“Главен играч таму е Израел, кој се плаши од Иран. Но, за да ги доближи војниците до иранската граница, тој треба да ја уништи Сирија. Режимот на Асад нема да дозволи израелските војници да влезат во Иран, затоа Израел одлучи да го уништи режимот на Асад”.
Само руската интервенција во сириската војна во 2015 година спречи да се оствари предвидувањето на Жириновски. Малку е веројатно дека Башар ал Асад би можел да ја одржи контролата врз земјата без руската поддршка.
Но, опасноста за Иран не исчезна. Ноќта на 29 јануари беа извршени напади врз иранската фабрика за дронови во Табриз, воено претпријатие во Исфахан и складиште за муниција во Малард. Техеран засега многу кратко го коментира тоа. Сепак, нема сомнеж дека одговорот веќе се подготвува.
Патем, на Москва и е потребна стабилност во Иран и Сирија не само поради заканата од почетокот на Третата светска војна. Жириновски предупреди и на можноста од хуманитарна катастрофа која може да ја погоди Русија.
“Тогаш бегалците ќе одат не во Европа и не на југ, туку на север, каде што се наоѓаат Азербејџан, Ерменија, Грузија – и сè ќе се сруши таму, до Северен Кавказ, а сето тоа може да стигне до Ростов, Воронеж”, предупреди Жириновски во 2017 г.