Јутјубер од Украина, Олга Лојек, сподели со своите следбеници изненадувачко откритие кое илустрира како технологијата напредувала и како таа се злоупотребува.
Можеби никогаш немаше да дознае што се случува доколку не ја контактираа верните фанови, пренесува thesun.
Имено, следбениците на социјалните мрежи пронајдоа серија видеа на кои „клоновите“ на Олга се претставени како Русинка која го знае кинескиот јазик.
Јутјуберката претстави три верзии од себе на различни кинески платформи, претставени како Наташа, Ана и Грејс.
Девојката тврди дека станува збор за снимки или ликови кои се создадени со помош на вештачка интелигенција, кои праќаат одредени пораки и нудат различна роба.
„Немам ништо од YouTube и „клоновите“ заработуваат со продавање различни работи. Тие имаат илјадници следбеници и ја користат мојата слика без дозвола“, рече таа.
По дополнителна истрага, Олга открила повеќе неверојатни работи.
Односно, еден „клон“ изразил желба да се омажи за Кинез, со ветување дека тој ќе ги заврши сите домашни работи.
Ако се омажиш за Русинка, таа ќе ги пере алиштата, садовите и ќе готви секој ден“, рекол „клонот“.
„Почнав да ги преведувам снимките со помош на алатката Google Translate и сфатив дека тие зборуваат за Кина, Русија и нивните добри односи“, вели Олга.
Откако Јутјуберот контактираше со кинеските социјални мрежи, како што се HeyGen и Douyin, некои од видеата беа отстранети.