Украинската армија во голема неволја: Старлинк „падна“ по целата фронтова линија

„Старлинк“ престана да работи во борбената зона, изјави Роберт Бровди, командант на беспилотните летала на украинските вооружени сили.

„Старлинк повторно падна по целиот фронт“, напиша тој на својот Телеграм канал.

Според веб-страницата „Даундектор“, прекини на овој сателитски интернет систем се регистрирани низ целиот свет, а бројот на барања е околу 50 илјади.

Последен пат Starlink беше исклучен на 24 јули. Терминалите беа вон функција неколку часа. Како што објави Ројтерс, украинските трупи беа принудени да ги одложат борбените мисии.

„Старлинк“ обезбедува широкопојасен пристап до интернет насекаде на планетата. Во сопственост е на „СпејсИкс“, компанија во сопственост на американскиот бизнисмен Илон Маск.

Украинските вооружени сили активно го користат овој систем во борбените зони, а терминалите им се префрлени на Украинците од нивните западни сојузници.

Според украинскиот вицепремиер и министер за дигитална трансформација Михаило Федоров, украинските вооружени сили користат повеќе од 50 илјади сателитски комуникациски станици.