УКРАИНСКАТА АРМИЈА СЛАВИ МАЛА НО ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА – По неколку месеци разочарување, конечно ги турнаа Русите длабоко на левиот брег на реката Днепар

Украинската Армија во неделата соопшти дека ги турнала Русите на 3 до 8 километри длабоко на левиот брег на реката Днепар, кој е под контрола на Русија, во првите бројки за проценка на напредокот по неколкумесечна разочарувачка контраофанзива.

Првите податоци укажуваат на напредок од 3 до 8 километри, во зависност од спецификите на географијата и топографијата на левиот брег“, изјави за украинската телевизија портпаролката на украинската Армија, Наталија Гумењук.

Доколку оваа информација биде потврдена, тоа ќе биде прв поголем напредок на украинската Армија против рускиот окупатор во последните неколку месеци.

Наталија Гумењук, пак, не кажа дали украинските сили целосно ја контролираат таа зона во областа Херсон (на југот на земјата) или руските војници едноставно се повлекле пред нападите на Киев.

Непријателот продолжува со артилериските напади на десниот брег“, вели таа и процени дека во таа зона има „неколку десетици илјади“ руски војници.

Имаме уште многу работа“, нагласува таа.

Во јуни, украинската Армија започна контраофанзива која долго време ја очекуваа официјален Киев и неговите западни сојузници, но таа не ги исполни очекувањата бидејќи Украинците вратија само неколку села на југ и на исток.

Последниот голем успех Украина го постигна во август кога го врати под своја контрола селото Роботин во јужниот регион Запорожје.

Киев се надеваше дека ова враќање ќе му овозможи да навлезе во руските линии и да ги ослободи окупираните зони, но украинската Армија не успеа да го стори тоа бидејќи беше изложена на силен руски оган и цврсти одбранбени линии.

Заземањето позиција длабоко на левиот брег на Днепар ќе и овозможи на украинската Армија да навлезе на југ, но за да успее во тоа, Украина мора да распореди голем број луѓе, возила и опрема во тешко пристапни песочни и мочурлива зона.

војнаРусијаУкраина