Украинската контраофанзива резултираше со ослободување на седум села кои претходно беа под руска окупација, изјави Олекси Хромов, портпарол на Генералштабот на Украина.
„Вратена е контролата на 100 квадратни километри украинска територија. Украинските единици продолжуваат со нападите на север и на југ од Бахмут, градот во регионот Доњецк што го зазедоа руските сили претходно оваа година, изјави Хромов на прес-конференција во Киев.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили покажуваат „силен отпор“, при што украинските војници се попречени од тежок артилериски оган и беспилотни летала камикази.