– Украинската гранична служба (ДПСУ) денеска потврди дека припадници на приватната воена група „Вагнер“ пристигнале во Белорусија од соседна Русија, јави Би-би-си.
ДПСУ наведува дека во тек е проценка за бројноста на тие припадници во Белорусија, како и нивната точна локација и цели.
Во непотврдена информација се наведува дека конвој од околу 60 возила со припадници на „Вагнер“ рано утрово ја преминала границата со Белорусија.