Украинскиот командант Сириски: Војната мора да заврши според украинските услови

Мора да го уништиме непријателот. Мора да му нанесеме такви загуби што тој ќе се согласи да ја заврши оваа војна, рече Сирски.

За да се заврши војната во корист на Украина со воени средства, потребно е да се нанесат такви загуби на непријателот што ќе го принудат да прави отстапки, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски во интервју за ТСН.

На прашањето на еден новинар дали гледа какви било изгледи за завршување на војната со воени средства, Сирски одговори дека „војната мора да се заврши на начин што ќе ни биде од корист“.

„Мораме да направиме сè за ова. Тоа е, мора да победиме, а не да се повлечеме. Мора да го уништиме непријателот. Мора да му нанесеме такви загуби што тој ќе се согласи да ја заврши оваа војна. И да се согласи да ја заврши оваа војна не од позиција на сила, туку според наши услови“, одговори командантот.