Украинците со дрон нападнаа една од најголемите руски рафинерии – со тоа продолжуваат со нападите врз економијата на оваа земја.
Аматерските снимки покажуваат како беспилотното летало UJ-22 се приближува до рафинеријата Нижњокамск – лоцирана во регионот Татарстан.
Нападот беше извршен истиот ден кога беспилотните летала со долг дострел погодија фабрика исто така во Татарстан – каде што се произведуваат дронови-камикази Шахед за војската на Владимир Путин.
Со овие напади врз руските нафтени рафинерии, тие имаат за цел да ја ослабат руската економија и со тоа да ги намалат приходите од продадената нафта што ја спонзорира војната во Украина.
Нападите со беспилотни летала врз руските рафинерии станаа секојдневие, а Украинците ветија дека нема да престанат додека Владимир Путин не ја повлече својата војска од украинска територија.