Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека уништиле брод на руската морнарица во Црното Море за кој се сомнева дека носел ирански беспилотни летала користени од Москва во војната во Украина.
„Големиот десантен брод Новочеркаск“ е уништен, објави военото воздухопловство на Телеграм.
Се верува дека бродот превезувал беспилотни летала Шахед од иранско производство, кои Русија интензивно ги користи во нападите врз Украина.
Командантот на воздухопловните сили Никола Олешук објави видео на кое се гледа експлозија во руската поморска база Феодосија на Крим.
🔥 A large landing ship Novocherkassk was destroyed in Crimea https://t.co/jV0wIisjTh pic.twitter.com/sgwNudHETE
— Slava 🇺🇦 (@Heroiam_Slava) December 26, 2023
Руските власти потврдија дека имало напад врз таа база. ссм/
фото: принтскрин