– Жителите на Украина продолжуваат да живеат во тешките услови во земјата поради војната со Русија која трае повеќе од година дена.
Во главниот град Киев жителите го искористија сончевото време и уживаа во пролета шетајќи низ паркот во кој се поставени противтенковски железни ежови.
Без разлика на овие потсетници на војната во која се наоѓа земјата, луѓето се сликаа со цвеќето и расцветаните дрвја во паркот.
Според последните податоци на Обединетите нации за руско-украинската војна, животот го загубија 8.709 цивили, a ранети се 14.666.