Украинците објавија снимка од Крим: „Нашите специјални сили уништија два руски хеликоптери“

Членови на главната управа за разѕзнавање на Украина (ГУ) спроведоа успешен напад врз окупираниот Крим, погодувајќи два руски хеликоптери Ми-8 и еден реморкер, пишува „Украинска правда“.

Хеликоптери во вредност од 20-30 милиони долари

Според извештајот, специјалната операција се случила завчера. Влада наведува дека проценетата вредност на онеспособените хеликоптери е помеѓу 20 и 30 милиони американски долари.

Во официјалното соопштение на украинската разузнавачка служба се наведува и судбината на погодениот брод.

„Влечачот Бук-2190 во Севастополскиот Залив, исто така, доживеа мрачен крај – за време на воздушен напад врз руските сили на полуостровот, членови на украинската разузнавачка служба насочија боева глава кон бродот. Демилитаризацијата на привремено окупираниот Крим продолжува!“, се вели во соопштението.