Украинците објавуваат застрашувачки податоци од руската армија: Изгубени 280.000 војници за осум месеци

Според објавените податоци објавени од украинскиот веб-сајт hochuzhit.com, Русија изгубила 281.550 војници убиени, ранети, исчезнати или заробени во првите 243 дена од 2025 година.

Од вкупниот број, загинале 86.744 војници, вклучувајќи 1.583 офицери и 8.633 затвореници регрутирани од затворските колонии. На оваа бројка се додаваат уште 33.966 кои се водат како исчезнати.

Особено застрашувачки е бројот на ранети од 158.529 војници, вклучувајќи 6.356 офицери и 16.489 затвореници.

Најтешки загуби претрпеа силите од стратешката група „Центар“, во која спаѓаат 2-та и 51-ва комбинирана армија.

Втората армија претрпе загуби од 15.310 мртви и 16.260 ранети војници во битките водени во Донбас во текот на 2025 година.

Загубите на 51-та армија беа слични, со 13.000 убиени и 14.201 ранети. Сепак, покрај човечките жртви, загубите во технологија и опрема дополнително ја покажуваат вистинската слика за руските загуби.

Руската армија изгуби 13.145 парчиња опрема што не може да се поправи, а 48.458 единици беа оштетени, но со можност за поправка.