УКРАИНЦИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА КОНТРАОФАНЗИВА! Нападот може да започне во секој момент, Киев има историска шанса и нема право на грешка

Украина е подготвена да ја започне својата долгоочекувана контраофанзива против руските вооружени сили, соопшти еден од највисоките безбедносни функционери во земјата за BBC.

Данилов, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, не сакал да го потврди датумот, но рекол дека нападот за преземање на територијата од окупационите сили на претседателот Владимир Путин може да започне „утре, задутре или за една недела“.

Тој предупредува дека украинската Влада „нема право да греши“ во врска со одлуката бидејќи ова е „историска можност“ што не смее да ја изгубат.

Како секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Данилов е член на воениот кабинет на претседателот Володимир Зеленски.

Неговото ретко интервју за BBC беше прекинато со телефонска порака од претседателот Володимир Зеленски во која го покани на состанок за да разговара за контраофанзивата.

За време на интервјуто, тој исто така потврдува дека платеничките сили на Вагнер се повлекуваат од градот Бахмут, местото на најкрвавата битка во војната досега, но дека ќе се прегрупираат на три други локации и, како што вели – „не значи дека ќе престанат нивните борби со украинските сили“.

Данилов, исто така, вели дека е „апсолутно смирен“ поради тоа што Русија почна да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија.

„Тоа не е ништо ново за нас“, тврди тој.

Тој додава дека Украина со месеци планирала контраофанзива, но сака што е можно повеќе време да ги обучи војниците и да добие воена опрема од западните сојузници. Во меѓувреме, руските сили ја подготвуваа својата одбрана. Многу е во прашање бидејќи владата во Киев треба да му покаже на народот на Украина, како и на нејзините западни сојузници, дека може да ги пробие руските линии, да стави крај на ќор-сокакот и да поврати дел од својата територија.

Данилов за BBC изјавил дека вооружените сили ќе започнат напад кога командантите ќе проценат дека украинските сили можат да постигнат најдобар резултат. На прашањето дали украинските вооружени сили се подготвени за офанзива, тој одговорил дека се подготвени.

Исто како што бевме подготвени да ја браниме нашата земја во секое време. И тоа не е прашање на време. Мораме да сфатиме дека не можеме да ја изгубиме оваа историска можност вистински да станеме независна, голема европска земја“, заклучил тој.

војнаРусијаУкраина