Украинците соборија руски авион Су-35 над Курската област: Пилотите успеаја да се катапултираат во последен момент

Во Курската област, украинските воздухопловни сили соборија руски авион Су-35, со што вкупниот број на соборени ловци-бомбардери од овој тип во руските воздухопловни сили достигна најмалку осум.

По украинската операција „Пајажина“, руската војска денес претрпе уште еден удар врз своите воздухопловни сили над Курската област.

На профилите на Телеграм се споделуваат снимки од авионот Су-35 како гори на ливада, додавајќи дека пилотот успеал да се катапултира на време.

Со денешното соборување, се проценува дека Русите изгубиле најмалку осум авиони Су-35, што претставува речиси целата ескадрила. Су-35 е најнапредниот ловец-бомбардер на руските воздухопловни сили, а се проценува дека пред војната во Украина, приближно 110 од овие авиони биле во служба на воздухопловните сили.

Станува збор за многу моќен повеќенаменски авион кој подеднакво обезбедува поддршка и во воздух и на силите на земја поради можноста за работа со различни видови оружје. Цената на еден авион Су-35 се проценува помеѓу 75 и 85 милиони долари.