УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЈА ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ РУСКИ РАДАРИ! Тајните служби на Велика Британија откриваат: “Москва е во неволја да ја обнови својата радарска флота“ (видео)

Русија досега во војната во Украина загуби најмалку шест радари ZOOPARK-1M.

Министерството за одбрана на Велика Британија во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина наведува дека на 23. март украинските сили за специјални операции објавиле видео од уништувањето на рускиот радар ZOOPARK-1M во регионот на Доњецк.

За време на инвазијата на Украина, двете страни се обидуваат да ги неутрализираат радарите што е можно повеќе. Овие системи се релативно малку, но тие се од големо значење на бојното поле, бидејќи им овозможуваат на командантите брзо да ја лоцираат и нападнат непријателската артилерија.

Бидејќи имаат активен електромагнетен потпис, тие можат лесно да бидат откриени и уништени.

Русија досега загуби најмалку шест радари ZOOPARK-1M и веројатно само ограничен број остана во Украина. Обновувањето на радарската флота најверојатно ќе биде клучен приоритет за двете страни, но и проблем за Русија, бидејќи системите се потпираат на пратки на санкционирана високотехнолошка електроника, се вели во извештајот на разузнавањето на Велика Британија.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ОВДЕ!

војнаМинистерство за одбрана на Велика БританијаРусијаУкраина