Борците на руската борбена група Днепар уништија три чамци и 12 украински војници кои се обиделе да го преминат Днепар во близина на населбата Софиевка, јави ТАСС.
Руските специјални сили ликвидирале украинска диверзантска група во правец на Запорожје, изјави за ,,Спутник” извор од безбедносните структури.
Во последно време зачестени се обидите на украинските специјалци да ја преминат реката Днепар со брод, поточно кон нејзината источна страна каде териториите се под контрола на руските сили.
Овие обиди за диверзивни упади обично завршуваа фатално за украинските војници и најчесто беа извршени со еден брод кој тргнуваше со намера да го одвлече вниманието на руските војници, додека поголема група се движеше од друга точка за да се симнат и да создадат мост за понатамошно слетување.