Полицијата на Флорида трага по непознат крадец кој среде бел ден украл скулптура вредна 20.000 евра од галеријата Данкан Меклелан во Санкт Петербург.
Властите објавија видео на кое се гледа криминалецот и неговиот помошник, кои на 11 ноември минатата година влегле во уметничката галерија во шорцеви, пренесува Метро .
Соучесникoт зад решетки
Безбедносна камера го снимила моментот кога непознат маж посегнал по скулптурата и потоа ја пикнал во шорцевите!
Во тоа време, соучесникот идентификуван како В. Вилсон (45) го окупирал вниманието на обезбедувањето.
Подоцна тој беше уапсен и обвинет за кражба на уметничкото дело , насловено „Торсо XI“, додека сè уште се трага по неговиот придружник.