Актерот Џорџ Клуни е една од најголемите холивудски ѕвезди на денешницата, а улогата по која и денес е познат за малку ќе му ја уништила кариерата.
Имено, Џорџ Клуни ја играше улогата во култниот херој Batman во филмот „Batman & Robin“ од 1997 година, но тоа го смета за голем дебакл.
Џорџ Клуни тврди дека луѓето одбиле да работат со него по овој филм.
Работите се промениле дури откако тој работел со режисерот Стивен Содерберг во филмот „Out of Sight“ во 1998 година.
„Никој не ме сакаше во својот филм една година по дебаклот. Скокнав, бев возбуден што ќе го играм Бетмен и – се зафркав. После тоа сфатив дека морам да внимавам на целиот филм каков што е, а не само на мојата изведба или на она што го правам. Се фокусирав на подобрите сценарија – тоа е најважно. Од лошо сценарио не можете да направите добар филм, тоа е невозможно. Можеш да направиш лош филм од добро сценарио“, открил неодамна Џорџ Клуни за The Sun.
Проработи новата филозофија на Џорџ Клуни – по овој голем неуспех, тој освои планина од најпрестижните награди.