Во Загреб на 93-годишна возраст почина пензионираниот генерал Антон Туш.
Како командант на воздухопловните сили на поранешната ЈНА, тој ѝ се приклучи на хрватската армија во пролетта 1991 година. Тој веднаш беше назначен за началник на Генералштабот на хрватските вооружени сили.
На таа функција остана до 1992 година, кога дојде во конфликт со министерот за одбрана Гојко Шушка, поради несогласување со неговата политика кон Босна и Херцеговина.
Туш бил и главен воен советник на претседателот на Република Хрватска (1992–95), потоа началник на Одделот за меѓународна воена соработка (1995–96), а во периодот од 2001–05 г. бил шеф на Мисијата на Република Хрватска во седиштето на НАТО.