Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт на Европската Унија, изјави премиерот Виктор Орбан, обвинувајќи го Брисел за злоупотреба на својата моќ.
„Брисел нѐ казнува затоа што ги браниме нашите граници. Но нивните неправедни казни нè чинат помалку отколку да ги пуштиме мигрантите“, рече Орбан, се вели во објавата на портпаролот Золтан Ковач на платформата X.
Унгарскиот премиер одлуката на неговата земја ја нарече „отворен бунт“ и нагласи дека кон овој став се приклучуваат и други европски земји.
„На Европејците им е преку глава од сѐ. Време е да им помогнеме да се спротивстават“, додаде Орбан.