Унгарија распоредува системи за противвоздушна одбрана во близина на украинската граница, наведувајќи ги зголемените ризици по одлуката на Западот да му дозволи на Киев да користи оружје со долг дострел за да напаѓа внатре во руската територија.
Киев Индипендент пишува дека ова го соопшти Кристоф Салај-Бобровнички, унгарскиот министер за одбрана.
Тој рече дека наредил распоредување на системи за противвоздушна одбрана во североисточните региони на Унгарија бидејќи „војната влезе во најопасната фаза“.
Салај-Бобровнички ја припиша ескалацијата пред сè на намалувањето на ограничувањата за удари против Украина со западно оружје и ја поврза со одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да одобри промена на нуклеарната доктрина на таа земја.
Наредбата на унгарскиот министер за одбрана дојде откако на 17 ноември беа соборени два руски проектили во областа Закарпатија, најзападниот дел на Украина, каде што живеат околу 75.000 етнички Унгарци.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера свика состанок на Советот за одбрана на таа земја поради последните настани поврзани со војната во Украина и зголемената закана од ескалација на конфликтот.