Унгарците налутени од изјавата на Туск за Будимпешта како локација за преговорите на Зеленски и Путин: „Што би рекле предците?“

Откако полскиот премиер Доналд Туск иронично зборуваше за Будимпешта како можно место за средба меѓу Путин и Зеленски, се огласи и политичкиот советник на Орбан, Балаж Орбан.

Имено, во коментар на социјалната мрежа X, тој го сподели статусот на Туск и рече дека полскиот премиер е очигледно вознемирен од овие обвинувања.

„Доналд Туск изгледа вознемирен што не беше поканет на разговорите во Вашингтон. Во својата фрустрација, тој напаѓа нација со која Полска дели долгогодишно пријателство – токму на денот кога ние, Унгарците, го славиме основањето на нашата држава. Што би помислиле неговите полски предци за такво однесување?“, рече Орбан.

Патем, во својот коментар, Туск се потсети на непријатните искуства на Украина кога станува збор за Будимпешта и преговорите од 1994 година.

„Будимпешта? Можеби не сите се сеќаваат на ова, но во 1994 година, Украина веќе доби гаранции за територијален интегритет од САД, Русија и Велика Британија. Во Будимпешта. Можеби сум суеверен, но овој пат би се обидел да најдам друго место“, рече Туск.