Уништете ги бактериите од бањата на природен начин! Се што ви треба е лук

Одамна е познато дека лукот делува дезинфицирачко и антиинфламаторно, а многу е корисен и за чистење на домот, особено на бањата. Алицинот, кој се наоѓа во лукот, ефикасно се бори против бактериите и габите.

Излупете чешне лук и ставете го во тоалет преку ноќ. Лукот ќе ослободи алицин кој ќе ја „заврши“ својата работа и ќе ги уништи бактериите. Следното утро, само повлечете ја водата. Овој „третман“ се препорачува да го правите два пати неделно, а бањата ќе биде стерилна и чиста.

Чај од лук против жолти дамки 

Лукот исто така може да помогне да се ослободите од жолтите дамки во тоалетот. Потребно е само да се направи чај од оваа храна, а еве како: исечкајте или изрендајте три чешниња лук и ставете ги во литар врела вода. Оставете го да отстои околу 20 минути пред да го истурите во тоалетот.

Следното утро, едноставно исцедете ја водата и оставете го лукот да се исплакне.

Ако дамките се потврдоглави, повторете ја постапката неколку дена по ред – ќе бидете воодушевени од резултатот. На ист начин можете да ја исчистите и кадата.